Кривична пријава за директорот и еден социјалнен работник во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Македонски брод – не реагирале на пријава за сексуален напад врз дете

34

СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднело кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Полицијата поднесе кривични пријави против Р. С.(38) и К. В.(44), директор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Македонски Брод и социјален работник во установата, поради постоење основи на сомнение дека не пријавиле дека 64-годишник силувал дете иако за тоа добиле пријава. Тие се осомничеи дека не пријавиле кривично дело или сторител во случај за кој претходно добиле пријава дека е извршен полов напад врз дете помало од 15 години. Ова кривично дело е казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според соопштението од СВР Битола, директорот и социјалниот работник во установата, на 7 март година добиле телефонска пријава за полов напад и силување дете кое било доделено во згрижувачко семејство и не наполнило 15 години, извршено од лице од Македонски Брод.

„Пријавените не презеле никакви службени дејствија по добиената пријава, како службени лица свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале во вршењето на службената должност, а притоа не презеле никакви дејствија согласно Законот за социјала заштита и подзаконските акти, Закон за правда на децата, со што создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва на кривично дело“, соопштија од СВР Битола.

На 4 април, Б. С. (64) доби 30 дена притвор во затворот во Битола поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело Силување на дете кое не наполнило 15 години, казниво по чл.188 ст.5 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека на 3 април во Македонски Брод бакнувал и допирал по телото малолетно девојче од тој град. Истото го сторил и на 7 март кон истото девојче, за што од очевидци било пријавено во Центарот за социјални работи во Македонски Брод, но од нивна страна не биле преземени никакви мерки.

 

 

ИЗДВОЕНИ