Кривична пријава против двајца скопјани за „убиство во обид“ и „помагање на сторителот по извршено кривично дело“

279

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Е.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и Б.Р.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“, соопшти МВР.

На 10.12.2024 во 16.00 часот во с.Мирковци, скопско, по претходна расправија, првопријавениот со пиштол испукал еден проектил кон Д.Ј., но не го погодил, додека второпријавениот, му помогнал да го напушти местото на настанот.

ИЗДВОЕНИ