Кривична пријава поради измама со ортопедски помагала, управителка го оштетила Фондот за 8,7 милиони денари

36

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против И.Т во својство на управител на  правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје и против правниот субјект БАУЕРФЕИНД ДООЕЛ увоз-извоз Скопје.

Првопријавенaта И.Т  во период од 01.01.2014 до 31.12.2016 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект, дала лажна изјава заверена на Нотар со која потврдила дека ортопедското помагало кое го набавува и фактурира кон Фондот за здравствено осигурување со назив “Ортоза за колк со зглоб” е соодветно и одговара на помагалото “Надколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” утврдено во Списокот на ортопедски и други помагала во делот на Ортопедски средства- Надколени ортози под шифра 2105 согласно критериумите од Правилникот за индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала, иако била свесна дека таквото помагало не одговара на медицинските индикации и дијагнози утврдени во Списокот на ортопедски помагала за кои Потврда за потреба издава лекар специјалист, на кој начин го измамила и довела во заблуда Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да склучи Договор за издавање на ортопедски и други помагала за период од 01.01.2014 до 31.12.2016,  при што во текот на 2014, 2015 и 2016 година извршила  набавка и испорака  на 171 несодветни помагала со назив “Ортоза за колк со зглоб” притоа фактурирајќи ги кон Фондот за здравствено осигурување под шифра 2105 и назив “Надколен пластичен апарат со зглоб во колено и скочен зглоб” на кој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од763.470 денари  во текот на 2014 година, 5.038.902 денари во текот на 2015 година и 2.901.186  денари во текот на 2016 година, односно вкупно 8.703.558 денари за кој износ е оштетен Буџетот на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија

ИЗДВОЕНИ