Еко активистите денеска излегоа на протест за да го искажат своето незадоволство од како што го нароека нефукционирањето на државните иснтитуции кои требало да ја превенираат хаваријата која придонесе за загадувањето на Крива река што се случи на 14 ти март. На протестот пред Министерството за животна средина и државниот инспекторат за животна средина учесниците на маршот кој беше во организација на движењето ,,Зелен хуман град“ побараа одговорност за заташкувањето на вистинските инфмормации колкаво е загадувањето од кое последиците како што рекоа ќе ги почувствуваме сите преку храната која ќе се пласира на нашите пазари а која ќе се произведе со наводнување на земјоделските површини од загадената Крива река.
Од граѓанското движење прстот го вперија во иснпекторатот за техничка опрема што требал да ја спречат и превенираат хаваријата во рудникот „Тораница“ а и државниот инспекторат за животна средина кој требало веднаш да даде јасни анализи за висикната на загадувањето на Крива река.
Иснпекторатот за животна средина објавија дека на Булмак му е изречена казна до 200 илјади евра поради прекршок од трта категорија за инцидентот со загадувањето на Крива река а директораката Ивана Гиновска го обвини градоначалникот на Крива Паланка за ширење паника, откако тој соопшти дека неговите анализи покажале многукратно зголемени концентрации на олово, цијанид, арсен и други отрови во реката.. Од компанија Булмак претходно соопштија дека истекувањето на јамска вода во Тораничка река не предизвикало загадување ниту еколошка катастрофа, како што било сугерирано во јавноста и дека цијанид имало помалку од дозволеното.