Општина Крива Паланка ќе ги субвенционира младите невработени лица за набавка на дигитални уреди: десктоп, лаптоп или таблет. За таа цел е објавен јавен повик, кој ќе трае до 22 мај 2025 година.
Право на субвенции имаат сите млади луѓе на возраст од 15 до 29 години, со постојано место на живеење во Општина Крива Паланка, евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување, кои купиле дигитален уред во 2025 година.
– Продолжува поддршката на младите од градот преку различни мерки со кои директно финансиски ги субвенционираме. За аплицирање на повикот и за остварување на правото на субвенции од оваа мерка, потребно е да се достават: пополнето барање за субвенции, достапно во архивата или онлајн на веб-страницата на Општината www.krivapalanka.gov.mk; копија од важечка лична исправа; потврда од Агенцијата за вработување како доказ за невработеност; фискална сметка или фактура со банкарски извод за купениот уред во периодот по 1 јануари 2025, како и активна трансакциска сметка и изјава дека не користеле субвенција за дигитален уред од Општината претходно – информираат од Општина Крива Паланка.