Два натпревара кои можеби не ќе дадат конечен одговор, но ќе стане (по)јасно кои се вистинските квалитети на нашиот национален тим во овој момент, втор дел од квалификацискиот циклус.
Очигледно е дека нашиот стручен штаб не може да „побегне“ од оние, пред сè персонални проблеми, односно отсуства на најдобрите играчи, како Ненад Димитријевиќ, Ти-Џеј Шортс и Итан Хап, па затоа селекторот одлучи да повторно да го врати во составот Кристијан Николов, кој не беше дел од февруарскиот циклус.
- Тешко е сега да се прогнозира дали ќе се пласираме на Европското првенство, бидејќи секој натпревар е посебна приказна и не знаеме кој ќе игра, а кој не. Ги имаме Нено и Шортс кои играат во Евролигата и кога би биле тие тука, тоа ќе биде друга приказна. Ниту Литванците нема да бидат комплетни, имаат нов селектор, па ќе видиме што ќе се случи. На нас останува да дадеме сè од себе, на нас е да изгинеме за секоја топка и да покажеме карактер, а останатото веројатно ќе дојде. Знам дека секој од моите соиграчи ќе извади максимум од своите сили и се надевам на позитивен резултат, истакна плејмејкерот Николов.