Кристијан Митковски е избран за најдобар полицаец во 2024 година, во општина Гази Баба.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, утринава имаше средба со него и со командирот на полициската станица од општа надлежност Гази Баба, Саше Стоилевски.
Митковски како полициски службеник во текот на целата година се истакнувал во откривање на кривични дела и расветлување на случаи на нарушување на јавен ред и мир. Тој од страна на своите колеги е избран за полицаец на годината.
Најдобриот полицаец од страна на Општина Гази Баба ќе биде награден со еднократна финансиска награда во висина од 20.000 денари.