Канаѓанецот со македонско потекло, Kрис Павловски, основач и извршен директор на видеоплатформата „Рамбл“ и член на Управниот одбор на „Македонија2025“, објави на социјалните мрежи дека донирал милион денари (околу 16.000 евра) за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.
„Срцето ми чука за сите семејства и пријатели на починатите во Македонија. 59 луѓе загинаа и повеќе од 100 се повредени во пожар, повеќето деца на возраст од 14 до 20 години. Лично донирав милион денари во Црвениот крст на Македонија за поддршка на семејствата и настраданите“, напиша Павловски на социјалните мрежи.