Крими вечер во „Бејкер стрит“: Читачка дружба со македонски автори на трилери

5

На 21 ноември, четврток,  во 19 часот ќе се одржи „убиствено добра“ вечер со читање на криминалистичка фикција, напнато раскажување приказни и извртени заплети во „Бејкер Стрит кафе-книжарница“ во Скопје.

За автентичноста на атосферата, што подразбира напнатост, неизвеснот до самиот крај, по малку морничавост интрига и мистерија ќе се погрижат македонските автори на трилери Анде Јанков, Мери Арсова, Јордан Коцевски и Јован Илиевски.

Возбудливите поглавја од некои од најдобрите криминалистички романи кај нас, ќе може да се чујат од гласовите на самите писатели чии умови ги креирале.

Анде Јанков е еден од ретките писатели на крими романи во Македонија. Неговите книги се показател дека и кај нас има публика за овој жанр. Неговиот серијал за Виктор Николов – главен инспектор на Одделот за крвни и сексуални деликти во МВР ги остава читателите без сон. Досега ги има напишано книгите „Едно лето на Крит“, „Виенски гамбит“, „Сигурен ризик“ и „Само Бог простува“.

Младата авторка Мери Арсова е страстен читател, а омилен жанр ѝ се криминалистичките трилери и мистериите. Таа го создава својот роман-првенец трилерот „Опасна игра“ по примерот на своите омилени писатели. Идејата зад романот „Опасна игра“ ѝ е да создаде силен женски лик што ќе ја води приказната низ сите развојни фази.

Авторот Јордан Коцевски ја објавува првата збирка стрипови во коавторство со Дарко Богданов, „Мрак Хумор Тишина“, во 2014, додека со истиот илустратор во 2016 ја издадоа нивната прва графичка новела „Витези од соседството“. Првата книга, збирката раскази „Време за живеење“, ја има објавено во 2001. Реакцијата на читателите за неговиот прв роман „Тегли“, објавен 2021, ќе му дека знае во која насока се движи, и многу повеќе се посветува на пишувањето. Следуваат романите „Заследи ме“, „Наследство“,  „Прозорецот“, „Зборови“, за во септември годинава да го објави својот најнов трилер „Тајни“.

Добитник е на две награди за стрипот „Our Eden“, додека неговата книга „Прозорецот“ беше наградена и објавена во електронска форма од страна на „Фондација Македоника“ во 2017 г. Главен и одговорен уредник е на „(е)Лит“, електронско списание за книжевност и друга уметност.

Јован Илиески е млад психолог, иден гешталттерапевтпо вокација писателпо душа вечен раскажувачГи обожава несекојдневните приказни од секојдневниот живот. Пишува психолошки романи со трилер елементи.мнакедо Досега има објавено шест романи од кои последниот е Татко миБосфор“. Како вечен вљубеник во невозможното, во она да се поправи скршеното, тој се обидува во секоја своја книга да го направи токму тоа. 

Организаторите им препорачуваат на љубопитниците да го понесат со себе својот изострен ум, најдобра претпоставка и љубовта кон напнати приказни – Кој знае? Можеби следната приказна што ќе ја биде прочитата ќе биде за… вас.