Кремљ: Милијарда долари од САД за Киев претставуваат кражба на руски имот

22
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Кремљ денеска објави дека милијардата долари, кои наводно Вашингтон ги испратил во Украина преку Светска банка, а кои биле покриени со профитот од замрзнатите руски средства, претставуваат еден вид кражба.

„Овие пари ни се украдени. А, тие резерви што се блокирани, тие се блокирани апсолутно незаконски. Тоа е спротивно на сите норми и правила“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој предупреди дека таквите акции на САД може да доведат до правни дејствија од страна на Русија, која, како што рече, „ќе ја искористи секоја можност да ги заштити своите права и сопственичките права“, пренесува Ројтерс.