Кремљ не се сомнева дека изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за последиците од можните удари со западно оружје длабоко на руска територија стигнала до наменетите приматели, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Изјавата што Путин ја даде вчера е многу важна, крајно јасна, недвосмислена и не дозволува никакви двојни толкувања“, изјави претставникот на Кремљ, пренесува РИА Новости.
Путин во четвртокот рече дека земјите од НАТО сега разговараат не само за можноста за користење на западно оружје со долг дострел од страна на украинската војска, туку и за директно вклучување во конфликтот во Украина.