КРЕМЉ БЕСЕН: Норвешки брод одбил да спаси руски морнари во Средоземното море

623

Случајот со норвешкиот брод „Осло Кериер 3“ предизвика бурни реакции откако тој одби да му пружи помош на рускиот брод „Урса мајор“ кој тоне во Средоземното Море. Оваа ситуација предизвика осуда и кај Кремљ и кај групацијата компании „Оборонлогистика“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека одбивањето да им се пружи помош на руските морнари во неволја е целосно спротивно на сите поморски закони.

„Ако не им се пружи помош на оние кои се нашле во неволја на море, тоа е кршење на сите поморски закони. Тоа е неприфатлив случај кој заслужува целосна осуда“, рече Песков.

Групацијата на компании „Оборонлогистика“ овој случај го нарече најгрубо прекршување на десеттиот член од Меѓународната конвенција за спасување од 1989 година. Тие наведоа дека причините зошто норвешки брод одбил да му пружи помош на руски брод во неволја во Средоземното Море, се непознати.

ИЗДВОЕНИ