Кремљ за германските избори: Можеме да се надеваме само на трезвен поглед на реалноста

29
EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Руската влада изрази претпазлива надеж за подобрување на односите со Германија по изборната победа на германските демохристијани.

„Секој пат некој би сакал да се надева на трезвен поглед на реалноста“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги резултатите од германските избори на кои германските демохристијани (ЦДУ/ЦСУ) добија најмногу гласови.

Тој додаде дека прашање е што би можело да биде од заеднички интерес и корист.

„Но, ќе видиме што ќе се случи кога победничката ЦДУ/ЦСУ ќе ја преземе функцијата“, рече тој.

Германско-руските односи се влошија откако Русија ја започна инвазијата на Украина пред три години.

Москва особено внимателно следи дали Германија, под новиот канцелар, кој најверојатно ќе биде Фридрих Мерц од ЦДУ, ќе и обезбеди на Украина крстосувачки ракети Таурус кои би можеле да се употребат за напад на руска територија. Мерц рече дека е подготвен да го стори тоа под одредени околности, додека претходниот социјалдемократски канцелар Олаф Шолц беше категорично против тоа за да не ескалира војната.

ИЗДВОЕНИ