Кремљ објави список на енергетски објекти кои е забрането да се напаѓаат

112

Кремљ објави список на енергетски објекти кои, според договорот, привремено е забрането да бидат нападнати. Списокот го договорија руската и американската делегација.

На него се наоѓаат: нафтоводи за рафинерии на нафта, гасоводи и капацитети за складирање, вклучително и пумпни станици инфраструктура за производство и пренос на електрична енергија, вклучувајќи електрани, трафостаници, трансформатори и дистрибутери нуклеарни централи хидроелектрични централи.

Кремљ соопшти дека мораториумот важи до 17 април, со можност за продолжување со меѓусебен договор.

„Во случај една од страните да го прекрши мораториумот, другата страна има право да се смета дека е ослободена од обврската да го почитува“, се вели во соопштението.

ИЗДВОЕНИ