Преговорите меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп би можеле да се одржат пред крајот на февруари, но би можеле да се одржат и подоцна, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека и американските и руските новинари пишуваат многу за тоа и дека ќе биде потребно време да се подготват за средба во четири очи.
Како што јави РИА Новости, Песков додаде дека за лидерската средба ќе биде потребна подготовка во Министерството за надворешни работи.
Песков рече дека вчерашната руско-американска средба во Ријад е „важен чекор“ кон постигнување решение за украинскиот конфликт.
„Направен е многу, многу важен чекор кон создавање услови за мирно решение“, изјави Песков за новинарите.
„Двете страни ја покажаа потребната политичка волја, мислам од Русија и САД“, додаде тој.
Претставниците на Украина и Европа не учествуваа на преговорите што се одржаа вчера во Ријад меѓу високи делегации на САД и Русија.