![Russian President Vladimir Putin visits Kazakhstan](https://www.vecer.press/wp-content/uploads/2025/02/peskov-putin-epa-d24-696x464-1.jpg)
Кремљ соопшти дека руски државјанин е ослободен од американски затвор во замена за ослободување на американскиот учител Марк Фогел.
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека рускиот државјанин ќе се врати дома во наредните денови и дека тогаш ќе биде објавено неговото име.
Песков ги информираше новинарите еден ден откако Русија го ослободи Фогел од затвор во дипломатски договор за кој американскиот претседател Доналд Трамп рече дека може да помогне да се стави крај на руско-украинската војна.
Коментирајќи ги тврдењата на Трамп дека ова може да помогне да се стави крај на војната, Песков рече дека веројатно нема да биде пресвртница, но ја опиша размената како постепени чекори кон зголемување на меѓусебната доверба, која сега е на многу ниско ниво.
Шеесет и тригодишниот Фогел отслужуваше 14-годишна затворска казна за шверц на дрога, откако на аеродромот во Москва бил фатен со мало количество марихуана.
Вчера тој одлета за Вашингтон, каде заедно со Трамп го прослави ослободувањето во Белата куќа.
Трамп рече дека ослободувањето на Фогел „може да биде многу важен дел“ за ставање крај на тригодишната војна во Украина.