Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за преговори со Володимир Зеленски, чиј легитимитет како лидер на Украина е доведен во прашање, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Путин постојано вели дека, доколку е потребно, ќе преговара и со Зеленски“, рече Песков.
„Истовремено, како договорите можат правно да се утврдат, е предмет на сериозна дискусија, со оглед на реалноста што укажува на можноста да се оспори самиот легитимитет на Зеленски“, додаде Песков.
Историски состанок во Ријад: Русите и Американците ги истакнаа своите приоритети!