Кремаст, брз и неодолив: Тирамису десерт готов за 10 минути

56

Кремасто, брзо и неодоливо – домашното тирамису кое може да се подготви за 10 минути станува нова ѕвезда на секоја трпеза.

Без печење, без компликации, без чекање но со максимално уживање! Тирамису колачот подготвен по овој рецепт е готов за само десет минути, а вкусовите се толку богати што ќе ви изгледа како да сте поминале со часови во кујната.

Оваа варијација на популарниот италијански десерт е совршена комбинација од бисквит, кафе и кремаст фил, а секој залак е вистинска експлозија на задоволство.

Состојки:

200 гр бисквити
200 мл сварено кафе
500 мл слатка павлака
150 гр крем сирење
2 лажици шеќер
2 лажици какао
1 лажица арома на ванила

Подготовка:

Во длабок сад измешајте ги аромата за ванила, шеќерот и павлаката, па изматете со миксер. Откако ќе добиете густ шлаг, додадете го крем сирењето по малку и матете кратко додека смесата убаво не се соедини.
Калапот за торта обложете го со хартија за печење, а потоа потопете ги колачињата во кафето и наредете ги на дното.

Наредените бисквити премачкајте со дел од филот, па ставете уште еден слој бисквити и премачкајте го остатокот од кремот.
На крај израмнете и посипете со какао во прав. Оставете го тирамисуто во фрижидер најмалку четири часа пред да го послужите.

Слободно направете двојна серија – ќе исчезне побрзо отколку што можете да ја подготвите!

ИЗДВОЕНИ