Шпанецот Рафаел Надал е еден од најголемите тенисери и спортисти во историјата. Популарниот „бик од Мајорка“ ја заврши професионалната кариера со пораз од Ботик ван де Зандшулп во Дејвис купот и неговото пензионирање го шокираше тенискиот свет.
Во текот на кариерата, Надал оствари 1080 победи и 228 порази, освои 92 титули и заработи 134.946.100 долари од тенисот. Ова, како и бројните спонзорски договори, му овозможиле да живее луксузно, а за неговата куќа во Порто Кристо (Мајорка) зборуваат многу луѓе ширум светот.
Кога ќе ја погледнете прекрасната резиденција на семејството Надал, се добива впечаток дека тие не можеле да изберат подобро место за својот дом. Надал ја купи оваа луксузна вила во 2013 година, наводно потрошил четири милиони евра за неа.
Вилата има совршена локација, сместена на гребен со поглед кон морето од три страни, со пристап до сопствена плажа, каде што има пештера, како и неверојатна градина како во рајот, украсена со четинари и многу медитерански растенија.
Навистина, сè што е потребно за совршен живот, па дури и многу повеќе од тоа. Надал во текот на кариерата остана запаметен и по бројните ритуали, Секој ден се тушираше точно три пати, секогаш се будеше во исто време и поставува два аларми за случајно да не преспие.
Исхраната е посебна приказна. Во текот на кариерата, Надал јадеше 172 килограми овошје годишно (четири јаболка на ден). Секој ден одел кај својот физиотерапевт и било откриено дека со него поминува 568 часа годишно.