Кралот Чарлс примен во болница, откажани се сите настани

416
EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Британскиот крал Чарлс завршил во „краток период на набљудување во болница“ во четвртокот, откако утринава доживеал „привремени несакани ефекти“ од лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

„Неговото височество сега се врати во Кларенс Хаус и, како мерка на претпазливост, во согласност со медицинските совети, утрешниот распоред на ангажмани исто така ќе биде изменет“, се вели во соопштението на палатата.

„Неговото височество би сакал да му се извини на секој што можеби бил во непријатност или разочаран поради ова“, се додава во соопштението, објави Си-Ен-Ен.

ИЗДВОЕНИ