Кралот Чарлс се појави во јавност по кусата хоспитализација: Му се слошило додека се лечи од рак/ФОТО

196

Британскиот крал Чарлс Трети се насмевна и ѝ мавна на толпата што чекаше да ја напушти болницата денеска откако беше хоспитализиран поради привремени несакани ефекти од лекувањето на ракот, а Бакингемската палата упати извинување во негово име до сите оние кои се разочарани од доцнењето на кралските должности.

По враќањето дома во Кларенс Хаус, се вели дека кралот е во добра здравствена состојба, како и дека ги извршувал работните обврски, пишува Гардијан.

Изворот ја опиша хоспитализацијата како „мала непријатност“ за британскиот весник, а прес-службата на Бакингемската палата објави дека тоа не е важен настан и дека не се очекуваат дополнителни информации за здравјето на кралот.

Бакингемската палата нагласи дека посетата на болницата била рутинска и дека нема потреба од итна медицинска интервенција, како и дека се очекува кралот да ги продолжи јавните ангажмани следната недела, а посетата на Бирмингем, планирана за денеска, е откажана.

Од палатата додаваат дека планираната посета на кралот на Италија во април ќе се одржи со одредени измени во програмата, додека посетите, вклучително и Ватикан, ќе бидат одложени поради здравствената состојба на папата Франциско.

Во февруари 2024 година, Бакингемската палата објави дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак и дека започнува со лекување.

ИЗДВОЕНИ