Кралот Чарлс размислува да му пружи рака на помирување на принцот Хари?!

149

Не е тајна дека принцот Хари има затегнати односи со своето семејство откако се повлече од кралските должности и се пресели во САД со сопругата Меган Маркл и нивните деца.

Документарецот со кој ја откри вистината во семејството, како и мемоарите со кои ги разниша и така климавите односи, уште повеќе го оддалечија Хари од дворот. Само повремено се појавува во Обединетото Кралство. Сепак, односите со неговиот татко и брат, принцот Вилијам, одамна се ладни.

Додека кралот Чарлс Трети и принцезата Кејт Мидлтон се борат да го победат ракот, нови информации доаѓаат од британскиот двор.

Имено, како што пренесува Мирор, Чарлс наводно размислува да му подаде рака за помирување на својот син Хари.

„Кралот Чарлс би сакал да биде поблизок со Хари и да има врска со неговиот син кој навистина функционира. Но, тоа зависи од тоа дали Хари ќе ја исполни желбата на неговиот татко – да престане да пишува книги и да дава срамни интервјуа“, рекол кралскиот експерт за Мирор ,Том Квин, осврнувајќи се на автобиографијата на Хари, во која тој ги нападна членовите на кралското семејство, особено неговиот татко и постариот брат принцот Вилијам.

Квин додаде дека Хари исто така ќе мора да се откаже од ставот на жртва.

Неговите коментари доаѓаат откако претходно овој месец почнаа гласините дека принцот Хари бара дом во Обединетото Кралство.

„Како што одминува времето, на Хари му недостигаат некои аспекти од стариот живот во Велика Британија. Периодот на меден месец каде што сè е ново и возбудливо во Соединетите Држави завршува, а Хари го гледа минатото низ розови очила“, рече Квин.