Палатата Кенсингтон потврди дека принцот од Велс, принцот Вилијам, ќе отпатува во Рим за да присуствува на погребот на папата Франциско во име на кралот Чарлс Трети, пишува Sky News.
Објавата доаѓа неколку недели откако кралот Чарлс мораше да ги откаже своите јавни ангажмани поради „привремени несакани ефекти“ поврзани со лекувањето на ракот.
Кралот откри во февруари 2024 година дека му била дијагностицирана малигна болест и дека почнал да се лекува. Тој се врати во јавноста во април минатата година, а извори кон крајот на декември посочија дека неговото лекување ќе продолжи до 2025 година, но дека напредува во позитивна насока.
На почетокот на овој месец, кралот Чарлс и кралицата Камила се сретнаа со папата Франциск за време на четиридневната државна посета на Италија.
Посетата нашироко се сметаше за успешна, но како што Ријанон Милс објави за Скај њуз, иако дијагнозата изгледаше како далечно сеќавање за време на официјалните состаноци, беше јасно дека кралот сè уште постапува по упатствата на својот лекар.