Кралот Чарлс и принцот Вилијам не најдоа заеднички јазик: Целото семејство вклучено во конфликтот

3078
EPA-EFE/HANNIBAL HANSCHKE

Британскиот новинар Роберт Џобсон автор на новата биографија „Кетрин, принцезата од Велс“, откри детали од неодамнешниот конфликт меѓу кралот Чарлс и принцот Вилијам.

Имено, во центарот на расправијата биле и Кејт Мидлтон, принцезата Шарлот и принцовите Џорџ и Луис, а се чини дека таткото и синот се уште не нашле заеднички јазик. Кралот, наводно, изразил загриженост бидејќи верува дека неговиот постар син и неговото семејство лесно ја сфаќаат безбедноста. Токму таквата загриженост доведе до тензија меѓу таткото и синот, а според извадоците објавени во британскиот Дејли Мејл, Чарлс станал свесен за минливоста на животот по дијагнозата на рак.

Болеста, наводно, го натерала да размисли и да го покрене прашањето за безбедноста при лет со хеликоптер, иако Вилијам е искусен пилот. Покојната кралица Елизабета Втора, исто така, барала Вилијам да не го превезува своето семејство со хеликоптер од палатата Кенсингтон до нивната поранешна резиденција Анмер Хол во Норфолк. Очигледно покојната кралица и сегашниот крал се загрижени затоа што имаат трауми од минатото со смртта на принцезата Дијана.

Сепак, кралицата Елизабета не го криела своето мислење за ова прашање, како што известува еден од нејзините соработници во новата книга, бидејќи била длабоко потресена од несреќата во 1967 година кога нејзиниот капетан на летот загинал во хеликоптерска несреќа. Иако Бакингемската палата не ги коментира приватните разговори или ставовите на кралот Чарлс, се подразбира дека безбедноста на членовите на кралското семејство секогаш се води сметка кога се одлучува за најсоодветниот начин на патување.