Кралицата се врати на модната писта: Болеста не остави трага на Бела Хадид/ФОТО

104
EPA EFE GUILLAUME HORCAJUELO

Бела Хадид синоќа триумфално се врати на модната писта. Таа учествуваше на модна ревија во Париз, како дел од тамошната модна недела. Таа беше облечена во црн костум со бела кошула. Носеше црна вратоврска и големи очила.

Бела ја прифати поканата на брендот Ив Сен Лоран. Таа излезе на пистата за прв пат по 2022 година. Популарната кралица направи пауза за да се фокусира на своето здравје и да се справи со Лајмската болест.

Фановите беа пресреќни што ја видоа Бела повторно на пистата. Болеста не остави трага.

„Кралицата се врати“, е еден од коментарите од социјалните мрежи.