Македонскиот одбојкарски шампион, екипата на Струмица, го заврши настапот во квалификациите за Лигата на шампионите откако загуби и на реваншот против грчки Олимпијакос со идентични 3:0, во Атина. Разликата во квалитетот го реши натпреварот, иако нашите одбојкари одиграа многу подобро во однос на првиот натпревар.

Најрасположен кај струмичани беше Стојан Илиев со 12 поени, Волков и Владо Милев запишаа по 9, а најефикасен во противничкиот тим беше Атанасијевиќ со 19 поени.