Полицијата соопшти дека се предал бунтовниот затвореник со „големи психијатриски проблеми“, кој во затворот во Арл, на југот на Франција, држеше четири медицински сестри и затворскиот чувар како заложници.
Полициски извори претходно соопштија дека тој во текот на грабнувањето се согласил да пушти една медицинска сестра.
Триесет и седумгодишникот, кој како што пренесуваат властите, „нема терористички профил“, во текот на грабнувањето барал да биде преместен во друг затвор.
Бил вооружено со шилец кој го направил и заложниците ги чувал во затворската амбуланта во Арл, наведе полицијата чии сили се наоѓаат таму.
Осуден е поради силување со закана со оружје, а казната треба да ја издржува до 2031 година.