EPA-EFE/Daniel Dal Zennaro

„Рено“ ќе ја заврши својата програма за производство и развој на мотори за Формула 1 во 2025 година, потврдија од француската компанија.

Оваа одлука значи дека тимот на Алпин веќе во 2026 година ќе мора да купи мотор од друг производител, а се очекува тоа да биде „Мерцедес“.

Во иднина, фабриката на „Рено“, каде што се произведуваат моторите за Формула 1, ќе биде посветена на развојот на електромотори и на батерии, како и на другите свои активности во мотоспортот.

Оваа одлука ќе го означи крајот на 50-годишната традиција. „Рено“ беше пионер во развојот на турбомотори во Формула 1, почнувајќи од 1977 година. Оттогаш континуирано произведува мотори за болидите во Формула 1, со прекин во периодот од 1998 до 2000 година.