Крадци украле над 100 буриња со пиво наменети за карневалот во Диселдорф

126

Непознати лица украле во Хилден, во близина на Диселдорф, повеќе од 100 буриња пиво од два ладилници. Пивото требало да биде испорачано за карневал во Диселдорф.

Како што соопшти полицијата, крадците зеле 104 буриња светло пиво „келш“ и девет буриња темен „алтбир“. Двата вида пиво потекнуваат од Келн и се со висок квалитет.

Штетата се проценува на повеќе од 20.000 евра.

Во полицијата претпоставуваат дека во кражбата учествувале најмалку едно комбе или дури камион. Полицијата се надева дека сведоци ќе може да дадат информации за кражбата.

 

ИЗДВОЕНИ