Кожата од комбуха е победник на првото реално шоу за стартапи Founder Games

69

Бисера Поповска, Ангелина Серафимовска и Надица Десанова од тимот BioHide се победнички во премиерната сезона на првото реално шоу за стартапи Founder games кои ќе патуваат во Силиконската Долина.

The Founder Games, реалното шоу e дизајнирано да ги инспирира не само стартапите учесници туку и целиот екосистем, вклучително и локалните инвеститори, да размислуваат поглобално и да ги препознаат вредностите на инвестирањето во иновациите. Прикажувајќи ги вистинските предизвици, одлуки и успеси зад секој стартап, шоуто имаше за цел да изгради првата генерација на сериски претприемачи во нашата земја кои ќе можат не само да инвестираат во луѓето, туку и да им бидат ментори на патот.

На финалето кое се одржа пред неколку дена победија трите студентки, две биохемиски инженерки од Технолошко – металуршкиот факултет и Природно – математичкиот факултет, Бисера и Ангелина, заедно со Надица инженерка од Машинскиот факултет, креираат нов, еколошки и одржлив материјал наменет за модната индустрија – био кожа.

Тие во САД ќе заминат во септември на бизнис состаноци со нивни потенцијални соработници, клиенти и инвеститори. Таргет настан им е Climate Week каде ќе присуствуваат дизајнери, уметници и производители кои работат со одржливи материјали.