EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Неколку луѓе во белгискиот олимписки тим се разболеа од коронавирус само неколку часа пред церемонијата на отворање на Игрите во Париз. Ова го соопшти главниот лекар на белгискиот олимписки тим, Јохан Белеманс. Сепак, тој не прецизираше колкумина спортисти се позитивни на ковид-19.

  • Не сакаме да ризикуваме. Имаме неколкумина спортисти што се на листа на чекање и сè уште не им е дозволено да учествуваат на Олимпијадата, бидејќи прво треба да добијат негативен тест – рече Белеманс.