Коста Кецмановиќ во судницата за првпат откри зошто ги уби другарите!

710
EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Коста Кецмановиќ, момчето кое лани го изврши масовното убиство во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ сведочи во Специјалниот суд во Белград, на судењето на неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ.

Како што пренесуваат медиумите, во сведочењето со кое се согласил, Коста кажал реченица која предизвикала бурна реакција во судницата, каде што биле присутни и родителите на децата што ги уби на 3 мај во ОУ „Владислав Рибникар“.

Според Телеграф, реченицата што ја изговорил Коста предизвикала хаос во судницата, бидејќи како причина поради која го извршил масакрот го навел чувството дека бил отфрлен од други деца.

Коста Кецмановиќ сведочи од говорница, а не сокриен зад темно стакло

„Се чувствував отфрлен од другите деца и затоа ги убив. Тој 3 мај донесов пиштол за да го направам тоа, но не бев сигурен дека ќе пукам“, рекол меѓу другото.

Да потсетиме, момчето убиец за првпат денеска беше изнесен од детската психијатриска установа каде што есместен откако е уапсен.

Тој првпат зборуваше и пред судот, а досега сведочеше и пред Вишото јавно обвинителство во Белград, кога преку видеоврска разговараше со обвинителот и неговата мајка која беше присутна во просторијата.

Тој се согласи денеска да сведочи во судскиот процес против неговите родители Миљана и Владимир Кецмановиќ.