– Ги известуваме граѓаните дека спорната пратка не е пуштена во промет и дека таа се наоѓа под инспекциски надзор, во магацинот нa увозникот – информираа од АХВ за весникот ВЕЧЕР. Во вакви случаи, увозникот има право да му ја врати пратката на производителот или, пак, да ја уништи.
Оттаму посочуваат дека сите досега увезени количини од оваа вода се безбедни. Од АХВ истакнуваат дека под засилен инспекциски надзор, со лабораториско тестирање, ќе бидат и наредните пратки со природна изворска вода по потекло од оваа земја
Спорната пратка со минерална вода од Косово во која Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри присуство на колиформни бактерии, не е пуштена во промет.
– Ги известуваме граѓаните дека спорната пратка не е пуштена во промет и таа се наоѓа под инспекциски надзор, во магацинот нa увозникот – информираа од АХВ за весникот ВЕЧЕР.
Во вакви случаи, увозникот има право да му ја врати пратката на производителот или, пак, да ја уништи.
– Како одговорна институција за безбедноста на храната (вклучително и за изворската минерална вода што се увезува во земјава), АХВ врши редовни контроли при увоз, кои вклучуваат и лабораториско тестирање на земените мостри. За изворската минерална вода по потекло од Република Косово, од чија пратка, ставена под инспекциски надзор во магацинот на увозникот, е земена мостра за лабораториско тестирање, е утврдено отстапување од безбедносните критериуми дефинирани со Правилникот за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и другата пакувана вода („Службен весник на РМ“ бр. 184/20218), односно е утврдено присуство на колиформни бактерии. Поради овие причини, до добивањето негативен лабораториски резултат за присуство на колиформни бактерии, АХВ донесе мерка со која ги стави под засилен инспекциски надзор, со лабораториско тестирање, наредните пратки со природна изворска вода по потекло од оваа земја – велат од АХВ.
Оттаму посочуваат дека сите досега увезени количини од оваа вода се безбедни.
Во некои медиуми беше објавено дека станува збор за минерална вода од производителот „Ругове“ од Косово и дека од неа се служи во институции, посочувајќи дека ја пијат вработените и гостите во Град Скопје. Оттаму не демантираа, но истакнаа дека „цела државна администрација се снабдува од истата компанија, „Даути комерц“ од селото Бојане.
Повикувајќи се на податоци од електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки, од Град Скопје доставија до медиумите список со 23 државни институции (министерства, општини, факултети, градинки, студентски домови, јавни претпријатија итн.) што имаат склучени договори со „Даути комерц“ од селото Бојане за набавка на вода со „Ругове“ производ, како бренд за вода.
Од Град Скопје посочуваат дека немаат добиено никакво известување од Агенцијата за храна и ветеринарство за која било вода или храна дека се неисправни.
– Исто како и сите други институции во Македонија, во Град Скопје единствен начин е јавна набавка за избор на економски оператор за снабдување со стоки и услуги, подеднакво за сè што е достапно на пазарот и може да се купи во слободна продажба, со претпоставка е дека е безбедно за потрошувачите во Македонија, со дозвола на Агенцијата за храна и ветеринарство. Доколку Агенцијата за храна и ветеринарство ги направила задолжителните испитувања при увоз и влез на производите на македонскиот пазар и доколку е небезбеден некој производ, не требало да се дозволи тој да се најде на пазарот – посочија од АХВ.
Под засилен инспекциски надзор во однос на микробиолошките критериуми за безбедност на храната се и пратките со безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, каде што во една пратка, со лабораториска анализа, е утврдено присуство на аеробни бактерии.
– За секоја од наредните пратки со изворска вода и безалкохолни пијалаци по потекло од Косово, ќе се земаат лабораториски мостри за испитување микроорганизми, согласно со Правилникот за посебните барања што се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната – велат од АХВ.
(С. Бл.)