EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарските медиуми низ Европа објавија дека Денис Смит Јуниор го напушта Реал Мадрид по само еден месец, а постои шанса тој да не биде единствениот. Како што пренесува „Марка“, Џанан Муса, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, на лето би можел да стане слободен играч и со тоа да стане вистинска „бомба“ на европската кошарка.

Реал Мадрид загуби од Уникаха во финалето на Купот на кралот, а Муса јавно беше споменуван како еден од виновниците за тој пораз, наведувајќи ја неговата многу лоша форма. Тој се повреди на гостувањето кај Анадолу Ефес во Истанбул кога беше поразен Реал и рече дека на една нога ќе игра во купот, па разбирливо е што играл под своето ниво. На три натпревари во Купот на кралот, Муса погоди 1/10 за три поени, а во финалето против Уникаха имаше четири поени, па „Марка“ наведува дека ова не е првпат да потфрли на важен натпревар и дека заслужува критика за тоа.

Договорот на Муса истекува на 30 јуни и постојат одредени сомнежи дека нема да биде продолжен и дека Муса е веќе на пазарот и полека размислува за избор на нова средина.

ИЗДВОЕНИ