Македонската женска кошаркарска репрезентација загуби од Србија во Белград со 105:60, во рамки на квалификациите за Европското првенство.  Ова беше првиот натпревар од последниот квалификациски прозорец во рамки на групата „Г“, во меч во кој нашите девојки немаа речиси никакви шанси за изненадување.

Најефикасна во македонскиот национален тим беше капитенот Митрашиновиќ со 17 поени, додека Стојановска постигна 16 коша.

За два дена Македонија ќе игра во Рига против Украина.

Лидер во нашата група е селекцијата на Србија со максимални пет победи и обезбеден пласман на Европското првенство. Португалија е втора со три победи и еден пораз, додека Украина има една победа и три порази, а Македонија е последна со пет порази.

ИЗДВОЕНИ