Македонската кошаркарска репрезентација со пораз ги заврши квалификациите за Евробаскетот во 2025 година, откако на последниот натпревар одигран во Рига загубија од Украина со 74:72. Украинките до победата дојдоа благодарение на поените од слободни фрлања во самиот финиш.

Избраничките на селекторот Александар Ашаданов речиси целиот натпревар бркаа резултатска негатива, за со одлична игра во последниот период да изедначат, но во последните секунди од натпреварот Украинките добија слободни фрлања и ги реализираа за победа.

Најефикасна во нашиот состав беше капитенот Митрашиновиќ со 33 поени, Матеа Николиќ запиша 13, Хемпе 11, додека Селцова мечот го заврши со 8 коша.

Србија со 11 бода го освои првото место во Групата – Г и избори учество на ЕП 2025, Португалија со исто толку бода заврши на второто место, Украина е трета со 8, додека Македонија е последна со 6 бода (сите порази).

ИЗДВОЕНИ