По поразот од Естонија со убедливи 84:65, на македонската кошаркарска репрезентација не и преостанува ништо друго освен да го “пере” срамот против селекцијата на Полска. Последниот меч од квалификациите за ЕП, нашата селекција ќе го одигра денеска на домашен терен (18:30 часот).
Инаку, овој пораз значи и враќање на Македонија во т.н. Б-дивизија и играње претквалификации за СП 2027 година.