Македонската кошаркарска репрезентација со победа ги заврши евроквалификациите, но не успеа да се пласира на Евробаскетот наредната година. Нашата селекција вечерва беше поуспешна од селекцијата на Полска со 88:74, во рамки на шестото коло од групната фаза.
Избраниците на Александар Јончевски беа во резултатска позитива во текот на целиот натпревар и на крајот сосема заслужено дојдоа до втората победа против еден домаќините на големиот континентален собир.
На крајот, нашата селекција групната фаза ја заврши со две победи против Полска, како и четири порази, по два од Литванија и од Естонија.