Поранешниот кошаркар на Панатинаикос, Маркус Денмон (34) е обвинет за грабеж со опасно оружје во американската сојузна држава Оклахома. Наводно, Денмон заедно со сопствениот брат нападнал женско лице и ѝ одзел многу пари.
Според полицискиот извештај, двајцата напаѓачи украле меѓу 15 и 16 илјади долари, а потоа избегале од местото на настанот со автомобил „шевролет малибу“. Жртвата ја „оперирале“ додека се пакувала да отпатува за моминската вечер на нејзината пријателка. Таа уредно ја пријавила кражбата во полиција, а не било тешко да се дознаат кои се сторителите.
Полицијата открила сомнителни плаќања на банкомати и на тој начин им влегла во трага на сторителите. Исто така, биле следени и телефонските броеви на лицата кои изнајмувале автомобили во областа Канзас Сити, бидејќи делото го извршиле со изнајмено возило. Судијата одреди кауција за поранешниот кошаркар од 50.000 долари, а Маркус Денмон ќе се врати во Оклахома за да се соочи со обвиненијата.