EPA-EFE/Richard Heathcote

Вицешампионската од минатите олимписки игри во Токио, кениската маратонка Бригид Косгеи, се повлече од Игрите во Париз поради повреда, соопштија претставници на кенискиот тим.

Бригид Косгеи (30), која некогаш го држеше светскиот рекорд во мешан маратон за жени, се надеваше дека ќе го има својот втор олимписки настап. Таа беше избрана за кенискиот женски маратонски тим, заедно со актуелната олимписка шампионка Перес Џепчирчир и Хелен Обири, сребрената на 5.000 метри во Токио.

Косгеи не ја прецизираше природата на повредата, но по лекарските прегледи било одлучено да не оди во Париз.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.