И покрај победата од 95:88 над Австрија, македонската кошаркарска репрезентација до 16 години не обезбеди место меѓу осумте најдобри на Европското првенство (Б-дивизија), кое се одржува во Скопје.

Нашите кошаркарски надежи завршија трети во групата, во која имаат исто бодови со Шведска и со Естонија (со по седум), но поради најлошата кош-разлика, не одат во наредната фаза.

Естонија и Шведска, како подобропласирани, одат во четврт-финалето, Македонија и Австрија ќе разигруваат за од 9. до 16. позиција, а Украина, како последна, е во аут.