Kорпорацијата „Трамп“ ќе инвестира во Македонија!?

262

Премиерот Христијан Мицкоски не открива дали корпорацијата „Трамп“ ќе инвестира во земјава, но добредојдена е, вели, секоја соработка што е во интерес на државата, а особено онаа за потенцијални вложувања.

Во гостувањето на „Топ тема“, Мицкоски повтори дека главен приоритет на Владата е дигиталната трансформација како еден од начините за борба против криминалот и корпуцијата. Тоа, нагласи, била и една од темите на денешната средба со претставниците на компанијата „Rumble“, финансиската корпорација „Cantor Fitzgerald“ од САД и корпорацијата „Трамп“.

Според Мицкоски, соработниците на Трамп сакаат да соработуваат, а се разговарало за можни проекти.

-Соработници на екс претседателот на САД и кандидат, Доналд Трамп сакаат да соработуваат со земјава и се разговара за можни проекти, бидејќи главен приоритет на оваа Влада е дигиталната трансформација. Станува збор за корпорации со десетици милијарди долари годишен обрт.. Основачот и извршен директор на интернационалната компанија „Rumble“, Хауард Лутник моментно е еден од најбитните фактори на светскиот финански пазар, а денеска го имавме во Македонија. Крис Павловски е организатор на оваа група и како држава треба да имаме чест и привилегија што овие луѓе се тука. Павловски е со македонско потекло, работи заедно со тимот на господинот Трамп во делот на развивање „Rumble“ која е многу важна во процесот на дигитализација, а луѓето кои беа тука, господинот Хауард и господинот Нунес, се од кругот на најблиските соработници на екс претседателот на САД, Доналд Трамп. Тоа се луѓе со големо корпоративно и политичко искуство во делот на дигитална трансформација, рече премиерот, прашан за средбата со овие високи бизнис претставници.

На прашањето дали фирмата на Трамп ќе инвестира тука, Мицкоски истакна дека не би откривал детали.

-Не би откривал детали, но сум многу горд што овие луѓе се тука. Се разговараше во два дела, економски дел, за крипто валути и дигитален денар, како и за дигитализација и дигитална трансформација, а ако успееме да најдеме заеднички интерес, зошто да не, објасни претседателот на Владата.

Мицкоски потенцираше дека ако овој тип инвеститори дојдат во земјава, тоа ќе значи препорака за многу компании, бидејќи, како што рече, соработуваат со финансиски инвестиции со трилиони.