Британските медиуми открија дека лондонскиот премиерлигаш Тотенхем не успеал во својата намера да ги осигура услугите на сега мексиканскиот интернационалец од редовите на Милан, Сантијаго Хименез. Во самиот финиш од зимскиот преоден рок Тотенхем испратил понуда до челниците на Феенорд, но младиот напаѓач веднаш одговорил дека сака да се пресели на „Сан Сиро“.