
Италијанските медиуми открија дека најтрофејниот клуб во Серија А, Јувентус, не успеа во намерата да ги осигура услугите на нигерискиот интернационалец Виктор Осимен, кој е во сопственост на Наполи но настапува како позајмен фудбалер во дресот на Галатасарај. Искусниот напаѓач веднаш ги информирал раководните лица на „старата дама“ дека сака својата кариера да ја продолжи во англиската Премиер лига.