Поранешниот капитен на ракометната селекција на Хрватска, Марко Копљар, ќе има нов предизвик во кариерата, откако потпиша за германски Фленсбург до крајот на сезоната. Бундеслигашот, поради сериозната повреда Кај Смитс, мораше експресно да реагира на трансфер-пазарот и Копљар е реакцијата на тој хендикеп.
„Многу му сме благодарни на Копљар што се согласи да дојде во Фленсбург на толку краток рок. Тој ќе ги олесни задачите на Никлас Киркелоке како десен бек и, пред сè, ќе го збогати тимот со неговото национално и меѓународно искуство“, рече извршниот директор Холгер Гландорф.
„Благодарен сум и горд што ќе имам можност да го носам дресот на Фленсбург. Поканата на Љубомир Врањеш секако беше малку изненадувачка, но ја разбирам ситуацијата овде и би сакал да помогнам“, рече 39-годишниот Хрват на презентацијата.
Копљар играше за Фуксе Берлин од 2017 до 2024 година, а претходно ги бранеше боите на Загреб, ПСЖ, Барселона и Веспрем.