Копанки го враќа својот сјај

49

Активности на планинарскиот дом Копанки влегуваат во финалната фаза. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски кој заедно со секретарот, директорот на ЕСМ Молика Дооел Битола и претседателот на ПСК „Пелистер“ извршија увид во градежните  истакна дека во моментот се привршуваат активностите за заокружување на карабината со покрив.

– Во следните две недели ќе продолжи поставување на лим на покривот и ѕидањето на страничните калкани. Следна фаза е застаклување и внатрешно уредување на објектот кое се очекува да биде завршено до крајот на идното лето. Битола се гради повеќе од секогаш, а една од најзначајните активности е и обновување на планинарскиот дом „Копанки“, култно место за битолчани кое го реализиравме заедно со ПСК „Пелистер“ од Битола – изјави Коњановски.

 

ИЗДВОЕНИ