Тендерот за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК „Битола“, вреден 1,44 милијарди денари (25 милиони евра), кој го распиша АД ЕСМ, го доби фирмата „Топлина“ од охридското село Подмоље, за период од 12 месеци. Оваа фирма беше подизведувач на битолската „Марковски компани“, со која Владата го раскина договорот.

„Топлина“ понудила 49,85 денари за гига-џул за ископан јаглен и 214 денари за ископан кубен метар јаловина.

– Избраниот економски оператор би се ангажирал по налог на подружницата РЕК „Битола“, согласно со потребите на рударско-енергетскиот комбинат. Во период кога нема да биде ангажиран изведувачот, АД ЕСМ нема да има финансиски импликации. Станува збор за ангажман за период од една година или до исцрпување на средствата предвидени во финансиската рамка, во зависност од тоа кој услов ќе биде прв исполнет – појаснија од АД ЕСМ.

Фирмата „Топлина“ пријавила четири оператори како подизведувачи: ГД „Гранит“ – Скопје, „Градба промет“ – Кавадарци, „Илинден“ – Струга и „Топ билд“ од Скопје.

Како техничка поддршка се пријавени фирмите „Форса“ АС од Скопје и „Машинокоп“ од Кавадарци.

Оваa фирма беше подизведувач на „Марковски компани“, кога го имаше тендерот за ископување јаглен во рудниците на РЕК „Битола“. Откако го раскина Владата договорот со „Марковски компани“, „Топлина“ продолжи да копа јаглен како привремен оператор.

 

ИЗДВОЕНИ