Британскиот инфлуенсер и поранешен кик-боксер Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан мора да се вратат во Романија до крајот на март за да присуствуваат на кривичната истрагакоја што се води против нив, објави Ројтерс.
Двајцата рано денеска ја напуштија Романија со приватен авион и полетаа за Соединетите Американски Држави (САД).
Романското обвинителство претходно го одобри барањето на браќата Тејт да патуваат надвор од Романија додека не започне кривичната истрага против нив.
Браќата Тејт во Романија се обвинети за силување.
Полицијата ги истражува тврдењата дека 17-годишна девојка била принудена да учествува во продукција на порно филмови.
Романската полиција тврди и дека еден од браќата имал сексуални односи со 15-годишно девојче од декември 2020 година.
Британската полиција заплени повеќе од два милиони евра од браќата Тејт за непријавени даноци на приходи што ги остварувале преку нивните онлајн бизниси.
Тие пари во моментов се блокирани.