На американскиот бизнисмен Лавар Бол ми е ампутирано стапалото поради сериозни здравствени проблеми, јавуваат светските медиуми. И покрај тоа што беше подложен на толку голема хируршка процедура, тој е во одличен дух и се чувствува добро.

Како што објави „ТЗМ спорт“, Бол неодамна бил подложен на ампутација на десното стапало, но неговите синови јавно не зборуваа за здравствената состојба на нивниот татко. Инаку, Бол стана познат како татко кој даваше многу шокантни изјави за своите тројца синови, верувајќи дека Лонзи е подобар од Стеф Кари, па дури и тврдеше дека може да го надмине Мајкл Џордан.

Поради сето ова го создаде „Baller brand“ кој произведуваше чевли со потписите на неговите три сина. Така, тој се здоби со епитетот на многу контроверзна личност, а доби и многу коментари, пред сè со многу потсмев и осуда. Сепак, тоа не го спречи да продолжи во истиот правец, па често ги критикуваше НБА клубовите во кои играа неговите синови.

Неговиот син Лонзо игра за Чикаго, додека Ламело е во Шарлот, а музичката кариера на Лианџело е во нагорна линија. Бол се оддалечи од центарот на вниманието во последните години, но несомнено останува најголемиот обожавател на неговите синови. Тој исто така беше спортска ѕвезда во американскиот фудбал.

Инаку, пред повеќе од шест години, оваа контроверзна личност со своите синови -кошаркари, Ламело и Лианџело, беше во Скопје, како дел од европската турнеја. Притоа, на 14 ноември 2018 година одиграа и пријателски натпревар со најтрофејниот колектив во нашата земја, тимот на Работнички, а нивното доаѓање беше будно проследено во македонските спортски медиуми.

ИЗДВОЕНИ