Контроверзниот случај против Трамп продолжува: Судијата ја “паузира“ постапката

27
EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Судија во државата Њујорк во вторникот донесе одлука да ја прекине постапката против новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во која веќе е донесена пресуда, под обвинение дека тајно и плаќал пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс.

Судијата Хуан Мерчан до вчера требаше да донесе одлука дали пресудата на Трамп може да биде поништена поради одлуката на Врховниот суд во јули за претседателскиот имунитет, објави Ројтерс.

Окружните обвинители од Менхетен од канцеларијата на Алвин Брег во неделата преку е-пошта побараа од Мерчан да ја паузира постапката, поради победата на Трамп на изборите на 5 ноември и неговата инаугурација за нов американски претседател во јануари 2025 година.

– Трамп побара од канцеларијата да се согласи со одложување. Народот се согласува дека ова се околности без преседан, напишаа обвинителите.

Мерчан ги паузираше сите постапки за овој случај до 19 ноември.